ПОНУДА за одложување на рок за плаќање на обврски по основ финансиски лизинг поради Covid-19 кризата
Врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за Лизинг за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија бр.90 од 04.04.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Шпаркасе Лизинг Доо Скопје на ден 09.04.2020 година, ја објавува следната
ПОНУДА
за одложување на рок за плаќање на обврски по основ финансиски лизинг
Понудата се однесува на сите физички лица - клиенти на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје, кои имаат договори за финансиски лизинг.
Детални услови на Понудата:
Одложување на рок на плаќање на месечниот ануитет
- Шпаркасе Лизинг Доо Скопје Ви одобрува одложување на рокот за плаќање на месечниот ануитет (главница и камата) кој доспева на 01.04.2020 година за допонителен период од 6 (шест) месеци. Согласно ова, сите понатамошни ануитети до истек на периодот на отплата ќе бидат со одложен рок на плаќање. Пр. Доспеаниот ануитет на 01.04.2020 година, наместо да се плати најдоцна до 10.04.2020 година согласно одредбите во Општите услови, ќе се плаќа со одложен рок од 6 месеци. Одложувањето на плаќање за 6 месеци ќе важи и за сите понатамошни ануитети до истек на периодот на отплата.
- За време на на периодот на одложеното плаќање од 6 месеци на месечните ануитети (01.04.2020 година – 30.09.2020 година), Шпаркасе Лизинг Доо Скопје не пресметува и наплаќа дополнителна камата или какви било други надоместоци, трошоци или провизии.
-
За време на периодот на одложено плаќање имате право самостојно да вршите уплати по договорот за финансиски лизинг при што:
- Сите уплати по договорите за финансиски лизинг извршени во тек на периодот на одложено плаќање (01.04.2020 година – 30.09.2020 година), за договорите кои немаат доспеани обврски, ќе се евидентираат како примени аванси и ќе служат за подмирување на обврските во периодот до достасување на договорот.
- Сите уплати по договорите за финансиски лизинг извршени во тек на периодот на одложено плаќање (01.04.2020 година – 30.09.2020 година), за договорите кои имаат доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за финансиски лизинг и Општите услови. За уплатите кои ќе следуваат по затворање на доспеаните обврски, ќе се постапува согласно претходната точка.
- Со оглед дека рокот на доспевање на обврските по договорите за финансиски лизинг нема да се промени, туку ќе се изврши продолжување на рокот на плаќање, нема да се изготвуваат нови амортизациони планови. Износот на месечниот ануитетот нема да се менува и ќе остане согласно предвидениот во Договорот за финансиски лизинг.
- Во случај корисникот на договорот за финансиски лизинг, во текот на периодот на одложено плаќање изврши целосна отплата на договорот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за финансиски лизинг и Општите услови.
- Правното дејство на изменетите услови од договорот за финансиски лизинг има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
- Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за финансиски лизинг.
- Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
Договорни услови за сите типови производи
Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица корисници на лизинг производи, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.
Сите физички лица корисници на финансиски лизинг, солидарните должници и заложните должници, кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 19.04.2020 година, до 16:00 часот, имаат право да ја ОДБИЈАТ Понудата со известување до Шпаркасе Лизинг Доо Скопје по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека Понудата е прифатена. Доколку физичкото лице има повеќе договори за финансиски лизинг, има право поединечно да одлучи да ја одбие Понудата за секој поединечен договор и потребно е да го наведе секој поединечен договор за кој ја одбива Понудата.>
Физичките лица коишто нема да ја одбијат Понудата до 19.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на финансиски лизинг, солидарните должници и заложните должници.
Променетите услови од Договорите за финансиски лизинг, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема физичките лица корисници на финансиски лизинг, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Шпаркасе Лизинг Доо Скопје и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 19.04.2020 година.
Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:
A. Директно известување по електронски пат на адресата info@s-leasing.mk
Во дописот треба да наведете дека ја ОДБИВАТЕ понудата за продолжување на рок на плаќање на обврските на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје, при што мора да ги наведете следните податоци:
- - Име и Презиме
- - Датум на раѓање
- - Број на договор за финансиски лизинг
- - Тип на возило и регистарски број
- - Телефонски број за контакт
- - Адреса на живеење (од важечка лична карта)
ИЛИ
Б. Писмено известување на следната адреса:
Ул. Македонија бр.9/11, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Понуда за одложување на
рок за плаќање од 09.04.2020 година“, при што во самиот документ треба да ги наведете
следните податоци:
- - Име и Презиме
- - Датум на раѓање
- - Број на договор за финансиски лизинг
- - Тип на возило и регистарски број
- - Телефонски број за контакт
- - Адреса на живеење (од важечка лична карта)
Датум на Понуда: 09.04.2020 година
Бидете добри и чувајте се,
#Останидома #Stayhome
ШАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО СКОПЈЕ