Малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија корисници на лизинг преку Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со второто по ред финансирање, со грант од 15% обезбедено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе имаат можност да ја подобрат усогласеноста со една или повеќе Директиви на ЕУ во областите на еколошка заштита, квалитет и безбедност на производите со што ќе имаат подостапна транзиција кон зелената енергија и ќе станат поконкурентни на локалните и ЕУ пазари.
Ова е втора инвестиција на ЕБОР во лизинг секторот во земјата, повторно преку Шпаркасе Лизинг. Банката го одобри кредитот од €1 милион на Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје, лизинг компанија која работи под Програмата за поддршка на конкурентноста – Западен Балкан. Шпаркасе Лизинг Доо Скопје е компанија во сопственост на Штаермеркише Банка Грац, која е дел од Ерсте Групацијата и сопственик на Шпаркасе Банка Македонија АД и Охридска Банка АД. Шпаркасе Лизинг Доо Скопје е друштво за лизинг со над 45% удел на лизинг пазарот во Северна Македонија, и повеќе од 1,000 активни клиенти со над 4,000 договори за лизинг.
Поголемиот дел од финансирањето (најмалку 60 %) ќе биде поврзано со поддршка на еколошки проекти кои ги намалуваат емисиите на гасови создавајќи ефект на стаклена градина. МСП ќе можат да го прошират и подобрат работењето преку овозможување на лизинг товарни возила, полу приколки, комбиња и машини за градежништво кои го исполнуваат ЕУРО-6 стандардот.
Оваа поддршка доаѓа од Програмата за поддршка на МСП на Западен Балкан, поддржана е од Европската Унија (ЕУ) и е помош на малите и средни претпријатија во пристап кон соодветни услуги, вовед во да-се-знае-како помош и имплементирање на стандардите на ЕУ.
МСП кои учествуваат во програмата ќе имаат можност да добијат грант во износ до 15% од износот на лизингот.
„ Многу ми е драго што соработката помеѓу ЕБОР и Шпаркасе лизинг доо Скопје продолжува и во 2021 година, со втората кредитна транша од €1 милион од ЕБОР, од кредитната линија за конкурентност, наменета за поддршка на МСП во земјата. Се надевам дека новото финансирање со кое се овозможува 15% грант за крајните корисници, ќе им помогне на компаниите во нивната транзиција кон користење на зелена енергија. Шпаркасе лизинг доо Скопје останува првата и единствената лизинг компанија на македонскиот пазар со пристап до оваа кредитна линија, потврдувајќи ја водечката улога на лизинг пазарот со силен фокус кон потребите на клиентите и еколошката одржливост “ изјави Марјан Манчев, извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.
,, МСП се основа на економијата во Северна Македонија и беа особено погодени со оваа криза. Кредитната линија ќе им овозможи да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ.", изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
„Пристапот до финансирање е основа за развој на било кои МСП. Поддршката која што ја обезбедуваме дава можност за подобрување на деловните активности во однос на подобрување на вмрежувањето и подобрување на работењето. Ќе помогнеме во инвестирање во дигитална надградба и ќе користиме ресурси на поодржлив начин, зголемувајќи го еколошкото работење и натамошното подобрување на конкурентноста.” изјави aмбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија